ФМП Академија падна во Куманово! Кожув го изненади Работнички!

На натпреварот, првите три четвртина завршија со нерешен резултат, иако водството ги менуваше страните се до последниот период, кога Куманово успеа да одигра подобра одбрана од ФМП Академија и да победи со 72:66. По првата четвртина, бројките на семафорот беа идентични, а тимовите имаа по 22 поени. КК Куманово оствари и +7 предност на средината од вториот период, при резултат 33:26, но гостите од Скопје успешно се вратија во краток временски период и на полувреме екипите заминаа со 35:35. Во второто полувреме, на двапати ФМП Академија имаше +4, но овој…

РК Клубови во Европа: Очекуван висок пораз за Металург, Еурофарм Пелистер со ново разочарување!

Македонските ракометни клубови, Металург од Скопје и Еурофарм Пелистер од Битола, вчера одиграа натпревари во Европа, односно регионот. За жал, не беа успешни и забележаа нови порази во своите лиги. Прв на програмата беше Металург, кој во Русија за дуелот со Чеховски Медведи замина со само 11 ракометари. Здравствени проблеми си го направија своето, па Металург се враќа во Скопје со празни раце од 6-та рунда во Европската Лига. Реално за очекување беше и пораз со високи 13 голови разлика, за конечните 40:27. Рускиот состав кој во минатото служеше за…

Објавен поширокиот список на кошаркари, утре првото тестирање пред конечната листа за во Перм!

Селекторот на нашата машка сениорска селекција, Александар Тодоров го одреди поширокиот список од 24 кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот „прозорец“ на ФИБА, односно квалификациите за Европското Првенство во 2022 година. По задолжителното PCR тестирање на Ковид-19, кое ќе биде реализирано на 8-ми односно на 9-ти февруари во Скопје, селекторот Тодоров ќе ги објави имињата на кандидатите за настап во последниот дел од квалификациите. Машката сениорска репрезентација во наредниот период, од 18-ти до 22-ри февруари, на турнирот во Перм ќе одигра четири натпревари од квалификациите за Европското…

У21 РАСПОРЕД: Квалификациите за ЕП 2022 ги започнуваме во Франција, па ја пречекуваме Србија!

УЕФА со извлекување го одреди распоредот за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство за репрезентации до 21 година. Македонската репрезентација е во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција на 2-ри септември, а првиот домашен натпревар го играме против Србија, 5 дена подоцна. 02.09.2021 Франција – Македонија  07.09.2021 Македонија – Србија 07.10.2021 Фарски Острови – Македонија 12.10.2021 Еремнија – Македонија 11.11.2021 Македонија – Украина 16.11.2021 Македонија –…

Куманово и ТФТ ги добија противниците во втората фаза од БИБЛ

Кошаркарскиот клуб Куманово и кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје, ги добија противниците во втората фаза од регионалното БИБЛ натпреварување. КК Куманово ќе биде во групата Г заедно со Хапоел Холон и Академик Пловдив, додека пак ТФТ Скопје е дел од групата Ф, заедно со Берое и Хапоел Хилбоа. Тимовите кои обезбедија уште едно разигрување се поделени во 2 групи од по 3 тимови, каде ќе играат меѓусебно по два натпревари, на домашен и на гостински терен. Како што и беше организирано, не можеше да се сретнат клубови од една иста држава.…