ВИДЕО: Нандо Де Коло… најдобриот во Европа покажа колку е лесна кошарката!

Две маестрални асистенции на најдобриот бек во Европа, Нандо Де Коло. Фенербахче го загуби овој дуел со Тофаш, а французинот беше најдобар на паркетот – 24 поени, 4 скокови и 4 асистенции, од кои две без гледање.

Ангеловски организира мини тренинг камп – голем простор за играчите од домашниот шампионат!

Селекторот на македонската фудбалска селекција, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел. На тренинг кампот од 15-ти до 17-ти февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички. Селекторот Игор Ангеловски прати повик до следните фудбалери: Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија); Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили…

Тимот започна со тренинзите: Ќе биде тешко, но Македонија очекува пласман на ЕвроБаскет!

Машката сениорска репрезентација, денеска го одржа првиот од петте планирани тренинзи во Скопје, пред патувањето за Перм на 15-ти февруари. На првиот собир кој селекторот Александар Тодоров го закажа од 13:00 часот, се појавија сите повикани кандидати. Поради болки во пределот на листот од десната нога, првиот тренинг превентивно го пропушти Марко Симоновски. Од лекарскиот тим на нашата сениорска селекција веруваат дека веќе на некој од наредните тренинзи во Скопје ќе биде во строј, и подготвен за настап. Отвораме против Италија на 18-ти февруари од 15:00 часот, а ден подоцна…