МРК Куманово во тешки услови бележи успешни резултати, следуваат натпревари за влез во Суперлигата и гостување кај Металург во Купот на Македонија

Машкиот ракометен клуб на Куманово моментално настапува во Втората лига, а наскоро ќе ги започне дуелите во плејоф разигрувањето – борба која овозможува пласман во најсилното натпреварување во државата, Суперлигата. Клубот долг период е составен од локални искусни играчи, но и млади таленти кои напорно работат за време на подготвителните и натпреварувачки периоди. Финансиската ситуација и условите во кои треба да се напредува, не се на завидно ниво, но првиот дел од сезоната го изиграа максимално посветено, каде остварија и победи кои на „хартија“ не се очекувани. Во „пролетниот дел“,…