Куп на Македонија: Најдобрите 16 ракометни екипи обезбедија втора фаза

Македонскиот ракометен Куп за мажи започна минатата недела, откако првин беше завршена елиминациската фаза каде учество во осминафиналето обезбдија 16 победници од првите дуели за оваа сезона. Во следната фаза, ќе се формираат четири групи од по четири тимови, кои ќе бараат место во најдобрите осум за 2021 година. Елиминациските мечеви се одиграа без реванш дуел, во повеќе термини. Во продолжение, можете да ги погледнете сите резултати но и записници за статистичкиот дел. РК Вардар – РК Текстилец 47:11 (записник)РК Преспа – РК Струга 16:32 (записник)РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Јехона 40:19 (записник)РК…

По европската „сопка“, Македонија ќе игра претквалификации за МундоБаскет 2023…

Македонската кошаркарска селекција ќе има за задача да игра претквалификации за Светското Првенство 2023 година, кое ќе се одржи за прв пат во три држави: Индонезија, Филипини и Јапонија. Веќе е познат системот, каде во рок од 18 денови ќе се изиграат шест рунди. Македонија влезе во вториот круг заедно со: Австрија, Данска, Летонија, Црна Гора, Романија, Шведска и Швајцарија – тимови кои не обезбедија учество на Европскиот шампионат. Претходно, селекциите на Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка ја поминаа првата рунда, па овие 12 екипи ќе бидат поделени во четири…

Агенцијата за млади и спорт одлучи – кои се најдобрите спортисти за 2020 година?

На овогодинешната свечена церемонија, Агенцијата за млади и спорт им ги додели наградите на најдобрите спортисти во Македонија за 2020 година. Каратето преовладуваше оваа година, откако за најдобра спортистка е прогласена Вероника Костовска. Ова го надополнија и младите категории, каде за најдобар спортист е прогласен Роберто Ацкоски, а во женска конкуренција тоа беше Магдалена Божиновска. Најуспешен спортист за лица со инвалидитет  беше прогласен Владимир Тркаљанов, кој професионално игра шах. Наградите во врска со најуспешна федерација, национален тим и селектор им припадна на македонските фудбалери, односно Игор Ангеловски. За најдобар спортист…