ФФМ ги враќа старите дресови, денеска ги одмеруваме силите со Словенија!

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, по лавината од негативни реакции во врска со новите дресови за Европското Првенство, ја смени одлуката и испрати допис до УЕФА за враќање на актуелните гарнитури со кои ги игравме и самите квалификации. Во продолжение, го пренесуваме целосното соопштение на Муамед Сејдини: Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство. Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на…

Историја на Купот на Македонија: Три освојувачи во најдобрите четири екипи за оваа сезона – 1/2 финалните двојки се познати!

Националниот фудбалски Куп е во завршна фаза, откако натпреварувањето стигна до 1/2 финале. Пласман во најдобрите 4 екипи обезбедија: Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Силекс и Струга. По направениот ждреб во „Куќата на Фудбалот“, беше одредено дека на 7 април 2021 година, силите ќе ги одмерат: МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СТРУГА – СИЛЕКС Силекс има две титули во Купот, откако првин ја освои втората во историјата на Македонија во сезона 1993/94 против Пелистер, по ФК Вардар една година порано, а нивниот втор трофеј, кратовчани го добија во сезоната…

Ангеловски: Со проверени сили одиме против Романија, Лихтенштајн и Германија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација децидно посочи дека тимот е проверен и има искуство за вакви натпревари, каде се очекува максимумот. Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата…

Македонската фудбалска гордост, на работ од пропаѓање… (I)

Вардар е гордоста на  Македонија, како што е и Макаби на Израел. Ова нема да го признае само навивач на некој ривалски клуб или некој кој не следи спорт воопшто. Зошто? Затоа што е единствен клуб од ова поднебје кој константно играл во Првата лига на Југославија, некој кој има дадено многу македонски и југословенски репрезентативци и кој Скопје и Македонија во тоа време, а и денеска, го претставува во најдобро светло. Па така, не може, а да не се каже дека е гордост на нашата преубава земја. „Ој Вардаре…

Ангеловски организира мини тренинг камп – голем простор за играчите од домашниот шампионат!

Селекторот на македонската фудбалска селекција, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел. На тренинг кампот од 15-ти до 17-ти февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички. Селекторот Игор Ангеловски прати повик до следните фудбалери: Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија); Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили…

У21 РАСПОРЕД: Квалификациите за ЕП 2022 ги започнуваме во Франција, па ја пречекуваме Србија!

УЕФА со извлекување го одреди распоредот за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство за репрезентации до 21 година. Македонската репрезентација е во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција на 2-ри септември, а првиот домашен натпревар го играме против Србија, 5 дена подоцна. 02.09.2021 Франција – Македонија  07.09.2021 Македонија – Србија 07.10.2021 Фарски Острови – Македонија 12.10.2021 Еремнија – Македонија 11.11.2021 Македонија – Украина 16.11.2021 Македонија –…

ВИДЕО: Извонредниот погодок на Елиф Елмас – втор по ред во дресот на Наполи!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, го отвори натпреварот со Парма постигнувајќи извонреден погодок во соло продор. Ова е втор по ред за „дијамантот“, по оној против Специја во „Копа Италија“.

Младата фудбалска селекција на Македонија, ја доби групата за квалификации на ЕП 2023!

Македонската репрезентација до 21 година, ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство 2023, кое ќе се игра во Романија и Грузија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, ќе играат во група со: Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.  Милевски ги опиша противниците и даде свое мислење за претстојните натпревари. „Групата е исклучително тешка. Франција е топ фаворит, Србија и Украина отсекогаш имале одлични млади фудбалери и секако ќе се борат за висок пласман. Фарски Острови е репрезентација во подем, тоа го потврдија во претходните квалификации во кои славеа против Црна Гора,…

ВИДЕО: Народски кажано, му легна! Бомба на Урош Рачиќ во дресот на Валенсија!

Младиот српски фудбалер, Урош Рачиќ, постигна феноменален погодок во дресот на Валенсија, на денешното гостување кај Атлетико Мадрид. Рачиќ со овој погодок го отвори натпреварот, и само ги разлути моменталните лидери на табелата во шпанската Ла Лига, бидејќи тимот на „Чоло“ Симеоне славеше со 3:1. Урош Рачиќ е дете на ОФК Београд, но своето „лансирање“ во Европа го стори кога настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2017/18.

Бруно „Пеналдеш“ постигнува погодоци и од слободен удар! (ВИДЕО)

Во победата од 3:2 на Манчестер Јунајтед против Ливерпул во 1/16 финалето од англискиот ФА Куп, Бруно Фернандеш постигна убав погодок од слободен удар. Тој во втората сезона во дресот на англискиот гигант е критикуван од неутралните фанови дека „знае само од пенали“, но денеска го покажа спротивното.