ФФМ ги враќа старите дресови, денеска ги одмеруваме силите со Словенија!

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, по лавината од негативни реакции во врска со новите дресови за Европското Првенство, ја смени одлуката и испрати допис до УЕФА за враќање на актуелните гарнитури со кои ги игравме и самите квалификации. Во продолжение, го пренесуваме целосното соопштение на Муамед Сејдини: Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија чувствувам обврска да се обратам до фудбалското семејство во врска со промоцијата на новиот дрес на македонската репрезентација за Европското првенство. Најпрвин, изразувам искрено жалење за негативните реакции кои што беа предизвикани од бојата на…

Ангеловски: Со проверени сили одиме против Романија, Лихтенштајн и Германија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација децидно посочи дека тимот е проверен и има искуство за вакви натпревари, каде се очекува максимумот. Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата…

Ангеловски организира мини тренинг камп – голем простор за играчите од домашниот шампионат!

Селекторот на македонската фудбалска селекција, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел. На тренинг кампот од 15-ти до 17-ти февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички. Селекторот Игор Ангеловски прати повик до следните фудбалери: Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија); Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили…

Игор Ангеловски ќе ја предводи Македонија на ЕВРО 2020!

Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор и досегашниот предводник ќе биде на селекторското место на македонската фудбалска репрезентација на Европското Првенство 2020, кое ќе се одигра во јуни оваа година. Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека…

Тони Стојановски во Куќата на фудбалот поради искрените зборови за Македонија! (ВИДЕО)

Спортскиот новинар и коментатор во МТВ, Тони Стојановски, стана дел од Куќата на фудбалот откако ФФМ го стави на ѕид неговиот мини-говор и коментар по пласманот на Македонија на ЕП. Ви благодарам, голема чест за мене. Ме изненадивте многу, кратко рече Стојановски

Најголема премија во историјата – 4.200.000 € за фудбалерите и стручниот штаб за ЕУРО 2020!

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020, да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт. Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра (4.200.000€) вкупна премија за пласманот на Европското првенство. Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020. Со одлуката на Управниот одбор на ФФМ,…

СП: Квалификациите ги започнуваме во Романија, за последната рунда доаѓа Исланд

Квалификациите за СП во 2022 година во Катар, ги отвораме во Романија, а ги завршуваме на домашен терен против Исланд. Планирано е да започнеме на 25-ти март во Романија, а првиот домашен меч е против Лихтенштајн на 28-ми март. На 31-ви март, ќе гостуваме кај првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Германија. На 2-ри септември пак, ја пречекуваме Ерменија, а три дена подоцна гостуваме кај Исланд. Вториот циклус го завршуваме дома, против Романија на 8-ми септември. Следниот месец на 8-ми, гостуваме во Лихтенштајн, а на 11-ти октомври ја пречекуваме Германија.…

Македонија останува 65-та фудбалска сила во светот!

Машката репрезентација на Македонија останува 65-та фудбалска сила во светот на најновата ранг листа на ФИФА. Иако го остваривме историскиот резултат против Грузија и се пласиравме на Европско Првенство, поразот од Ерменија не дозволи да напредуваме од претходниот пат. Сите наши противници во групната фаза од ЕП се подобро пласирани: Холандија е на 14-то, Австрија е на 23-то а Украина на 24-то место во светот.

Историски резултат: Женската фудбалска репрезентација со прва гостинска победа

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за Европското Првенство, но не успеа да обезбеди пласман. На натпреварот во Казахстан, нашата репрезентација стигна до првата победа на едно гостување во официјален натпревар иако беа без селекторот Кирил Изов. Македонија славеше со 0:3, резултат кој беше обезбеден по скоро 40 минути игра во првото полувреме. Рочи стрелаше два пати на додавања од Андонова, а Шемсовиќ го постигна третиот погодок. Во вториот дел, нашите девојки им ја препуштија играта на домаќинките, кои иако имаа иницијатива не успеаја ниту да постигнат…

Да го завршиме овој циклус со победа, порачаа Ангеловски и Тричковски

Во пресрет на денешниот натпревар против Ерменија, Ангеловски и Тричковски се едногласни – „да го завршиме овој циклус со победа.“ “Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми е маана. Ќе играме на победа со сите расположливи сили, играме натпревар кој ни значи. Сепак, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Јас ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме.” „Атмосферата е одлична и на највиско ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала – не’ краси тоа. Индивидуално и тимски…