Историја на Купот на Македонија: Три освојувачи во најдобрите четири екипи за оваа сезона – 1/2 финалните двојки се познати!

Националниот фудбалски Куп е во завршна фаза, откако натпреварувањето стигна до 1/2 финале. Пласман во најдобрите 4 екипи обезбедија: Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров, Силекс и Струга. По направениот ждреб во „Куќата на Фудбалот“, беше одредено дека на 7 април 2021 година, силите ќе ги одмерат: МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ СТРУГА – СИЛЕКС Силекс има две титули во Купот, откако првин ја освои втората во историјата на Македонија во сезона 1993/94 против Пелистер, по ФК Вардар една година порано, а нивниот втор трофеј, кратовчани го добија во сезоната…

Купот на Македонија во завршна фаза: Силекс преку пенали, Македонија ЃП со убедлива победа

Денеска се одиграа сите 4 натпревари од 1/4 финалната фаза на фудбалскиот Куп на Македонија. Освен во Кратово, каде силите ги одмерија Силекс и Шкендија, сите останати средби го одредија учесникот во полуфиналето во регуларните 90 минути. Силекс во пенал рулетот беше подобар со 4:2 од моменталниот лидер во националното првенство, по 0:0 во регуларниот дел. Академија Пандев со 2:1 го совлада Шкупи (полувреме 1:0), Македонија Ѓ.П. лесно помина кај второлигашот Беласица со 1:4 (полувреме 1:1), а Струга ТЛ постигна гол од пенал во второто полувреме и го реши дуелот…

Извлечени 1/4 финалните парови во македонскиот фудбалски Куп

Денеска во „Куќата на фудбалот“, беа одредени 1/4 финалните двојки од македонскиот Куп. Академија Пандев – ШкупиСтруга Т.Л. – РеноваБеласица – Македонија Ѓ.П.Силекс – Шкендија Натпреварите е планирано да се одиграат на 25-ти ноември 2020 година. Само да напоменеме дека, во оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат – директно ќе се изведуваат пенали.

Денеска на програмата се осминафиналните дуели од Купот на Македонија

Фудбалскиот Куп на Македонија стигна до 1/8 финалето. Денеска со почеток од 14:30 часот, се играат сите 8 натпревари од оваа фаза. Академија Пандев го пречекува Вардар, Брегалница е домаќин на Беласица, Силекс гостува кај Кожув во Гевгелија, Македонија Ѓ.П. во Скопје игра против Каменица Саса, Пелистер доаѓа кај Ренова, Шкендија во Тетово силите ќе ги одмери со Гостивар, од Пехчево доаѓа Кит Го на мегдан со Шкупи а Работнички патува во Струга против Трим и Лум. Само да напоменеме дека во оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со…

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Одредени 1/8 финалните фудбалски двојки

Денеска во „Куќата на фудбалот“, беа извлечени паровите од 1/8 финалето во Купот на Македонија, за натпреварувачката сезона 2020/21.  Полуфиналистите од ланското издание: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Т&Л им се приклучија на 12-те тима кои обезбедија место во втората рунда. Во продолжение може да ги видите 1/8 финалните дуели: Академија Пандев – Вардар Македонија Ѓ.П. – Каменица СасаШкеднија – Гостивар Шкупи – Кит Го Пехчево Кожув – Силекс Струга Т&Л – Работнички Брегалница – Беласица Ренова – Пелистер Само да напоменеме дека во оваа сезона имаме променет формат поради…

КУП: Работнички, Македонија ЃП и Каменица Саса после пенали, Беласица го прегази Росоман

Денеска се одигра сите средби од 1/16 финале од Купот на Македонија во фудбал, откако вчера, Вардар на пенали го совлада Вардар Форино. Каменица Саса, Македонија ЃП и Работнички своите противници ги добија на пенали, бидејќи резултатот остана нерешен по регуларните 90′ минути. Беласица на гости со 1:5 го прегази Росоман, а Антонио Каланоски постигна хет-трик. Огромна победа забележа и Гостивар против Тиквеш со 5:0. Победи со по 4 разлика остварија Ренова во Охрид и Пелистер како домаќин на Љуботен. Силекс во Кратово лесно ја доби фузијата на Лабуништа Тетекс…

Вардар едвај го совлада истоимениот Форино

Фудбалскиот клуб Вардар од Скопје, после изведување на пенали беше подобар од гостиварскиот Вардар Форино, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со 2:2. За Вардар, од пенал првин стрелец беше Блажевски во 37-та минута. Во вториот дел, Петковски во 57-та минута го зголеми водството на 0:2. Но, со двата брзи гола на Амир Алиу во 72-ра и 74-та минута, гостиварци обезбедија изведување на удари од 11 метри. Вкупно беа изведени дури 18, а со само 2 промашени пенали, ФК Вардар се пласираше во 1/8 финале од Купот на Македонија за…

КУП НА МАКЕДОНИЈА: Денеска еден натпревар, утре уште 11 од 1/16 финале

Денеска во 15:30 часот, Вардари Форино игра против Вардар во 1/16 финале од фудбалскиот Куп на Македонија. Утре се играат останатите средби, и тоа: Кит Го Пехчево – Скопје, Македонија Ѓ.П – Победа, Пелистер – Љуботен, Слога Виница – Шкупи, Велешта – Кожуф, Росоман – Беласица, Охрид – Ренова, Силекс – Лабуништа Тетекс, Каменица Саса – Борец, Гостивар – Тиквеш и Вeлазерими – Работнички. Оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно…

Извлечени паровите за натпреварите од Купот на Македонија

Во „Куќата на фудбалот“, денеска беа извлечени паровите за првите натпревари од Купот на Македонија, за натпреварувачката сезона 2020/21.  Полуфиналистите од ланското издание: Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум ќе ја прескокнат првата рунда. Во продолжение може да ги видите следните парови: Кит-Го – СкопјеПобеда – Македонија Ѓ.П.Љуботен – ПелистерСлога Виница – ШкупиВардар Форино – ВардарВелешта – КожуфРосоман – БеласицаОхрид – РеноваЛабуништа Тетекс – СилексКаменица Саса – БорецГостивар – ТиквешВeлазерими – Работнички Оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се…