ВИДЕО: Извонредниот погодок на Елиф Елмас – втор по ред во дресот на Наполи!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, го отвори натпреварот со Парма постигнувајќи извонреден погодок во соло продор. Ова е втор по ред за „дијамантот“, по оној против Специја во „Копа Италија“.

ВИДЕО: Народски кажано, му легна! Бомба на Урош Рачиќ во дресот на Валенсија!

Младиот српски фудбалер, Урош Рачиќ, постигна феноменален погодок во дресот на Валенсија, на денешното гостување кај Атлетико Мадрид. Рачиќ со овој погодок го отвори натпреварот, и само ги разлути моменталните лидери на табелата во шпанската Ла Лига, бидејќи тимот на „Чоло“ Симеоне славеше со 3:1. Урош Рачиќ е дете на ОФК Београд, но своето „лансирање“ во Европа го стори кога настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2017/18.

Бруно „Пеналдеш“ постигнува погодоци и од слободен удар! (ВИДЕО)

Во победата од 3:2 на Манчестер Јунајтед против Ливерпул во 1/16 финалето од англискиот ФА Куп, Бруно Фернандеш постигна убав погодок од слободен удар. Тој во втората сезона во дресот на англискиот гигант е критикуван од неутралните фанови дека „знае само од пенали“, но денеска го покажа спротивното.

КАКО ГРОМ ОД ВЕДРО НЕБО: Италијански гигант на продажба додека се бори за титула?

Големата светска криза и празните стадиони допринесоа големи финансиски минуси во светот на фудбалот и ситуацијата станува се потешка. Како пренесува „Коријере дело спорт“, семејството Жанг планира да го продаде Интер и веќе ја ангажирала банката на Ротшилд да го стори тоа. Кинезите вложија повеќе од 700 милиони евра, но Интер испадна од престижната Лига на шампиони. Тимот е во реална борба за италијанското „скудето“ каде заостанува само 1 бод пред Милан со ист број на одиграни средби, а „Нероазурите“ денеска го декласираа и Кротоне со 6:2. Исто така, јасно…

(ВИДЕО) Алиоски со „проектил“ – Лидс го прегази ВБА!

Лидс убедливо славеше на гостувањето кај ВБА со 0:5, а нашиот Џани Алиоски се запиша во листата на стрелците со „проектил“ кој го подигна целиот тим на Бијелса. За Алиоски ова е втор погодок во Премиер лигата, по оној против Њукасл.

Киран Трипие – дефанзивецот на Англија и Атлетико Мадрид суспендиран поради обложување!

Киран Трипие беше отстранет од репрезентацијата на Англија за дуелот со Данска поради закажано сослушување во Фудбалската Асоцијација за прекршување на правилата за обложување. 29-годишниот фудбалер одлучно кажал дека никогаш нема профитирано од обложување на фудбалски натпревари или преку некој друг што се обложувал во негово име. Киран Трипие е суспендиран 10 недели од сите фудбалски активности и е парично казнет со 70.000 фунти поради прекршување на правилата за обложување кои ги налага ФА. Тој е виновен во 4 од вкупно 7 обвинениа кои се зборува дека се случиле во…

ВИДЕО: Како капитенот Џака го остави Арсенал на цедило?

Гранит Џака игра катастрофален фудбал но се уште е дел од Арсенал и се уште ја носи капитенската лента. На натпреварот со Барнли и поразот од 0:1, Џака со несовесен потег го остави својот тим на цедило. Во продлжение, можете да го видите моментот и да пресудите дали 28-годишниот швајцарски репрезентативец заслужува да биде дел од клуб каков што е Арсенал и да биде „лидер“ на теренот?

(ВИДЕО) Погодок од 40 метри + фанатичен коментатор = уживање!

Интересен погодок постигна Хасан Амин за фудбалскиот клуб Мепен, во германската трета лига. Вреди да се напомене дека екипата ја води легендарниот Торстен Фрингс! Но, доколку преносот го водеше некој друг спортски работник, немаше да имаме ниту слична ситуација затоа што голем број на чинители се потребни за еден производ да понуди уживање.

ВИДЕО: Столе повторно поцрвене – овој пат на сосема глуп начин!

Столе Димитриевски отиде на предвремено туширање на вчерашниот меч на Рајо Ваљекано кај Легањес. Првиот чувар во македонската репрезентација доби 2 жолти картони во 5 секунди откако во 62-та минута, првин прекумерно сугерирал на судиска одлука, а потоа наводно упатил скриени навредливи зборови кон главниот арбитер. За Димитриевски, ова е прв картон во клупската кариера, и втор вкупно по оној против Грузија пред два месеци.

Стефани Фрапар – женски судија со реноме, за прв пат во натпревар од ЛШ

Стефани Фрапар ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Јувентус и Динамо Киев, кој ќе се одигра утре во Торино со почеток од 21:00 часот. Станува збор за 36-годишна французинка која долго време е во светот на фудбалот, а минатата година беше и во Суперкупот на Европа, кога дополнително се стекна со заслужената популарност. Со оваа добиена доверба, Фрапар ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите како прв женски судија кој делел правда на еден натпревар во машка конкуренција.