Македонската фудбалска гордост, на работ од пропаѓање… (I)

Вардар е гордоста на  Македонија, како што е и Макаби на Израел. Ова нема да го признае само навивач на некој ривалски клуб или некој кој не следи спорт воопшто. Зошто? Затоа што е единствен клуб од ова поднебје кој константно играл во Првата лига на Југославија, некој кој има дадено многу македонски и југословенски репрезентативци и кој Скопје и Македонија во тоа време, а и денеска, го претставува во најдобро светло. Па така, не може, а да не се каже дека е гордост на нашата преубава земја. „Ој Вардаре…

ФОТО: ФК Работнички ги презентираше зимските засилувања!

Работнички го засили ростерот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки. Во клубот повторно ќе заиграат Марио Станковски кој се враќа од Борец и Андреј Лазаров кој минатата година играше во Тиквеш. Сосема нови играчи кои ќе се борат за успех на Работнички, се: Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа кои исто така заедно доаѓаат од Борец, но и Андреј Кировски од ФК Силекс. Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Лазаров и Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Кировски ќе делува во одбраната, додека Станковски…

Фудбал во Македонија – Зимски преоден рок 2021

Фудбалската Федерација на Македонија ги информира сите клубови дека од 15-ти јануари 2021 година, започнува зимскиот преоден рок за фудбалери (мажи/жени) и истиот ќе трае до 11-ти фeвруари 2021 година. Ги информираме клубовите своите барања за сертификати за професионални и аматерски фудбалери да ги постават на ФИФА ТМС платформата и испратат информација до оддел за ТМС на ФФМ најкасно до 14 часот на 11 февруари, 2021 година за да има доволно време за обработка на барањата. Сите барања кои ќе бидат доставени по 23.59 часот на 11 февруари, 2021 година…

Александар Васоски – нов тренер на Академија Пандев!

Александар Васоски од денес е нов тренер на Фудбалскиот клуб Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер. Клубот од Струмица веќе ја објави и програмата за зимските подготовки. Собирот е на 8-ми јануари, каде ќе се одработи и првиот дел од подготовките, за да веќе на 20-ти…

1.МФЛ: Ветеранот Маневски ја сруши Шкендија, рутинска победа за Вардар!

Последната рунда за оваа година се одигра денеска, па фудбалерите од Првата македонска лига одат на заслужен одмор во наредни два месеци. Пелистер го сруши есенскиот шампион Шкендија со погодокот на Борче Маневски во 90-та минута, а составот на Вардар рутински забележа победа на гостувањето против Беласица со 0:3. Тимот на Македонија ЃП загуби на домашен терен од Ренова со 2:3. Имавме две гостински победи со по 1:2, и тоа: Струга беше подобра од Шкупи, а Академија Пандев го совлада Силекс. Фудбалскиот клуб Работнички, во Скопје го доби тимот на…

Шкендија полека но сигурно ја зголемува предноста, Пелистер победи по скоро три месеци!

Денеска заврши 17-та рунда од Првата фудбалска лига на Македонија и сме на чекор од завршување на првиот дел од сезоната. Шкендија славеше кај Академија Пандев со 0:1. Единствениот погодок беше дело на младиот 16-годишен Дашмир Елези во 53-та минута. Интересно е што битолскиот Пелистер стигна до 3-та победа оваа сезона но по скоро три месеци. Тие исто така минимално славеа над Беласица со погодокот на Михаил Талевски во 81-та минута – уште еден млад талент и иднина на македонскиот фудбал со само 16 години. Во останатите дуели, Борец беше…

1.МФЛ: Македонија ЃП и Шкендија го искористија киксот на Шкупи!

Денеска на програмата беше 16-та рунда од македонското фудбалско првенство, каде се создаде шанса Македонија ЃП и Шкендија максимално да го искористат нерешениот резултат на Шкупи, против екипата на Вардар. Македонија ЃП на домашен терен го совлада Пелистер со 2:1 а Шкендија рутински со 2:0 го победи последно пласираниот тим на табелата, Беласица. Сега екипата од Тетово има предност од 4 бодови, а клубот од „Ѓорче“ се изедначи на втората позиција со по 32 бодови со Шкупи. Во Кратово бевме сведоци на катастрофално лоши услови за игра, но некој тоа…

1.МФЛ: Македонија ЃП и Шкупи ја бркаат Шкендија – сигурни победи за водечките екипи!

Рундата број петнаесет од Првата македонска фудбалска лига донесе сигурни победи за водечките екипи и најави дека ќе имаме интересна и неизвесна борба за титулата до самиот крај. Вчера, Шкендија со рутински 0:2 славеше кај Борец. Лидерот на табелата преку погодок од пенал на Бесарт Ибраими стигна до водство во 25-та минута. Во вториот дел, исто така ја имаа играта во свои раце, па победата ја осигураа во 83-та минута преку Љупче Дориев. Денеска, Македонија ЃП и Шкупи славеа со по 1:3 на гости кај Беласица односно Пелистер и ги…

1.МФЛ: Во Тетово “пукна“ петарда, Силекс подобар од Вардар

Македонската фудбалска јавност денеска беше сведок на рундата број 14 од првата машка лига. На стадионот во Тетово се слушна “пукање“ на петарда, додека пак во Кратово, Силекс беше минимално подобар од Вардар. Составот на Шкендија го декласираше тимот на Македонија Ѓ.П. со дури 5:0, а веќе на полувреме беше обезбедена победата бидејќи на одмор фудбалeрите заминаа со 3:0 позитива. Стрелци на погодоците беа: Елези во 10′, Дориев во 35′, Ибраими во 39′, Нафиу 88′ и Тотре во 90′ минута. Во Кратово, победата со минимални 1:0 остана кај домаќините Силекс…

1.МФЛ 12 рунда: Вардар го сруши отпорот на Борец, утре се останатите пет средби

Фудбалскиот клуб Вардар на само 10 минути пред крајот го сруши отпорот на Борец и со победа ја отвори рундата број 12 во Првата фудбалска лига на Македонија. Првото полувреме протече без интересни моменти и фудбал кој не беше убав за око. Се продолжи така и во вториот дел но со повисоко темпо, па во 80-та минута со погодокот на Јован Попзлатанов, Вардар стигна до предност од 0:1. Во судиското надополнување, Матеј Цветаноски постигна уште еден погодок и го заклучи мечот со 0:2 за важна победа на легендарниот фудбалски тим.…