ВМФЛ: Осогово ја наполни мрежата на Росоман со 7 погодоци, Брегалница – сигурна!

Денеска се одигра 16-та рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, каде имавме голем број на погодоци и интересни резултати. Во центарот на вниманието беше Осогово и победата од 1:7 над Росоман, но и високата победа на Кит Го Пехчево од 5:1 против Плачковица, сигурната победа на Брегалница на гости кај Слога Виница и добриот меч на Каменица Саса со Кожув. Од останатите резултати, Кораб и Дрита по нерешениот резултат на полувреме од 1:1, одиграа меч со 5 погодоци, а целиот плен го однесе гостинскиот тим со конечни 2:3, а…

2. МФЛ: Скопје го растури Гостивар, а Брегалница повторно тргна во “поход“

Денеска на програмата беа натперварите од 15-та рунда во Втората фудбалска лига на Македонија. Скопје го растури Гостивар, а Брегалница повторно тргна во “поход“ – вака можеме да го опишеме денешниот ден, бидејќи двете најсилни екипи во втората лига играат феноменален фудбал и озбилно се доближуваат до најелитното натпреварување во нашата држава. ФК Скопје со убедливи 4:0 го победи ФК Гостивар и се уште лесно ја одржува предноста од 7 бодови, но сега пред Велешта која го искористи киксот на гостиварчани и застана на втората позиција која води во плеј…

(ВИДЕО) ФФМ за инцидентот во Штип: Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои ги праќаме!

Фудбалската федерација на Македонија излезе со официјално соопштение за денешниот инцидент во Штип, помеѓу навивачките групи на Брегалница и Тиквеш. Во целост го пренесуваме ставот на ФФМ: „За жал, денеска бевме сведоци на инцидент кои го предизвикаа дел од навивачките групи на ФК Брегалница и ФК Тиквеш во пресрет на меѓусебниот дуел меѓу двете екипи на Градскиот стадион во Штип.  Сликите кои ги видовме, за жал, не се во согласност со пораките кои Фудбалската федерација на Македонија постојано ги праќа до сите чинители во нашиот спорт – НЕ за дискриминација,…

2.МФЛ: Брегалница и Тиквеш ремизираа, минимални победи на Гостивар и Скопје

Денеска на програмата беше 14-та рунда од Втората фудбалска лига на Македонија. На исток, Брегалница и Тиквеш ремизираа со 1:1, па не се случи промена на водечката позиција. Во спротивната дивизија, Гостивар остана лидер на табелата со минимална победа, пред Скопје кој исто така славеше со еден погодок разлика. РЕЗУЛТАТИ: ИСТОК:Брегалница 1:1 Тиквеш Победа 1:2 КожувСлога 3:0 ОсоговоРосоман 0:1 Плачковица Кит Го Пехчево 0:0 Каменица Саса ЗАПАД:Тетекс 1:2 СкопјеГостивар 2:1 ДритаКораб 0:1 ВелештаОхрид 1:0 Велазерими Кадино Скопје 1:1 Вардар Форино ТАБЕЛИ:

2.МФЛ: Брегалница и Скопје на добар пат за влез во елитата, Тиквеш и Гостивар им дишат во врат

Денеска се одиграа девет од десетте планирани средби од рундата број 12 во Втората машка фудбалска лига. Средбата помеѓу Вардар Форино и Велазерими беше одложена. Лидерите на Исток и Запад, Брегалница односно Скопје, запишаа нови победи и досега чекорат стабилно кон елитата. Составот од Штип на домашен терен рутински го совлада Кожув од Гевгелија со 3:0 но остана со само два поени предност пред Тиквеш кој беше подобар со 3:1 од Осогово, а ФК Скопје во Кадино со минимална победа од 0:1 го искористи киксот на Гостивар кај Кораб од…

2. МФЛ: Тиквеш се сопна, Скопје броеше до 6, Гостивар сигурен, славеше и Брегалница

Денеска се одигра 11-та рунда од Втората македонска фудбалска лига. Во рамките на источната дивизија, Тиквеш се сопна во Гевгелија против Кожув играјќи 1:1, па му овозможи на тимот на Брегалница да се издвои на самиот врв со два поени предност. Екипата од Штип повторно одигра сигурно, овој пат на гостувањето кај Плачковица со 1:3. На запад, ФК Скопје броеше до 6 со што го растури Вардар Форино без примен погодок. Одлична партија пружија и гостиварци, по двата порази. Тие беа подобри од Тетекс со 3:0 и сега се на…

1. МФЛ: Беласица со прва победа, 2. МФЛ: Брегалница и Тиквеш не знаат за пораз

Вчера беа започнати, а денеска комплетирани 11-та рунда од Првата македонска фудбалска лига, односно 10-та во второто по јачина натпреварување кај нас. Во 13:30 часот, вчера пет натпревари ја отворија рундата број 11 во 1. МФЛ, а денеска во Кратово беше комплетирана. Тимот на Беласица ја запиша првата победа во оваа сезона и тоа на гостувањето во Струмица против Академија Пандев. Иако Ѓорѓи Стоилов го постигна водечкиот погодок, Беласица собра сили и дојде до изедначување пред крајот на првиот дел преку голот на Зоран Митевски. Напаѓачот на гостите, Стефан Сулев…

Нов протокол – фудбалот во Македонија суспендиран

Изменетите протоколи донесоа нови одлуки – лигашкиот фудбал во Македонија се одложува. Комисијата за натпреварување во рамките на Фудбалската федерација на Македонија информираше дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари, дуелите од 11-та рунда во Прва МФЛ и 10-та рунда во Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020 (сабота) и 01.11.2020 (недела), се одложуваат! Истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020 (сабота) – 11-та рунда од Прва МФЛ и 10-та рунда од Втора МФЛ…

Росоман настрада во Штип, Скопје му „дише во врат“ на Гостивар

Вчера успешно се одиграа сите натпревари од 9-та рунда во Втората македонска фудбалска лига. Најубедлив беше тимот на Брегалница, кој со 6:1 го прегази ФК Росоман. Андреј Кудијан постигна хет-трик, два погодоци овозможи Љупче Кудев и еднаш во листата на стрелците се запиша и Мартин Стојанов. Екипата од Штип доминираше не теренот и имаше голем број на неискористени шанси пред голот на гостите од Кавадарци. Поради победата на Тиквеш над Каменица Саса, лидери во источната дивизија се уште остануваат овие два тимови со по 23 освоени бодови. На Запад, ФК…

Фудбалскиот клуб Каменица Саса објави твит како од камено време, па следуваше извинување (ФОТО)

Членот на источната дивизија во втората фудбалска лига на Македонија, сакаше да направи шега на својот официјален твитер профил пред натпреварот со Македонија Ѓ.П, но не знаеше како тоа да го стори во рамките на дозволеното. Од клубот објавија твит и слика со навредувачка содржина во врска со црномуреститот фудбалерот на Македонија Ѓ.П, Абдул Калид. Објавата стоеше краток период, па кога најверојатно добиле совет од некој што знае дека поради ваква невкусна шега може да се оди дури и во затвор, ФК Каменица Саса го избриша твитот и излезе со…