Помош од ФФМ: 500.000 денари за секој клуб од Првата женска лига

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, донесе одлука секој клуб од Првата женска лига да добие финансиска помош во висина од 10.000 илјади долари или 506.000 денари, како поддршка од „Куќа на фудбалот“ за административни потреби (закуп и оддржување на терени, тренери, подготовки и слично) на 15 клубови од 1 ЖМФЛ. Во насока на создавање на стратегијата за развој на женскиот фудбал, на овој начин даваме дополнителна поддршка и поттик за женските клубови од Првата лига да продолжат со напредокот преку оваа помош, пред сѐ во логистичка смисла. Нашата…

Историски резултат: Женската фудбалска репрезентација со прва гостинска победа

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со победа ги заврши квалификациите за Европското Првенство, но не успеа да обезбеди пласман. На натпреварот во Казахстан, нашата репрезентација стигна до првата победа на едно гостување во официјален натпревар иако беа без селекторот Кирил Изов. Македонија славеше со 0:3, резултат кој беше обезбеден по скоро 40 минути игра во првото полувреме. Рочи стрелаше два пати на додавања од Андонова, а Шемсовиќ го постигна третиот погодок. Во вториот дел, нашите девојки им ја препуштија играта на домаќинките, кои иако имаа иницијатива не успеаја ниту да постигнат…

Објавен списокот на женската фудбалска репрезентација за дуелот со Франција

Македонската женска репрезентација, на 22-ри септември ја пречекува Франција на Националната арена „Тодор Проески“, во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021. За нашата женска репрезентација, ова ќе биде шестиот дуел, откако претходно го победивме Казахстан, а на два пати неуспешни бевме со Србија и Австрија. Моќната Франција е на 2/2 во групата Г, со гол разлика 9:0 Кирил Изов за натпреварот против Франција нема да може да смета на Наташа Андонова (К) поради повреда и Гентјана Рочи поради суспензија од жолти картони. Селекторот за овој дуел испрати повик до…