ФМП Академија падна во Куманово! Кожув го изненади Работнички!

На натпреварот, првите три четвртина завршија со нерешен резултат, иако водството ги менуваше страните се до последниот период, кога Куманово успеа да одигра подобра одбрана од ФМП Академија и да победи со 72:66. По првата четвртина, бројките на семафорот беа идентични, а тимовите имаа по 22 поени. КК Куманово оствари и +7 предност на средината од вториот период, при резултат 33:26, но гостите од Скопје успешно се вратија во краток временски период и на полувреме екипите заминаа со 35:35. Во второто полувреме, на двапати ФМП Академија имаше +4, но овој…

Пелистер со нова „стотка“, но и Гостивар знаеше да игра – НБА во Битола, за 111:115 на самиот крај!

Екипите на Пелистер и на Гостивар одиграа неверојатен натпревар и можеби најефикасен во историјата на македонската кошарка, кога станува збор за регуларните 40 минути. Се играше со брзо темпо, „наместени нишански справи“ и пред се, со слаба одбрана. На полувреме, предност имаше домашниот тим на Пелистер со 56:52. Третиот период им припадна убедливо на гостите со дури 20:37, за да во последната четвртина, „зелените“ успеат само да намалат на 4 негатива за втор пораз во оваа сезона. Најефикасен убедливо беше Ивица Димчевски со 35 поени и 9 скокови, а кај…

Со триминутен „блиц-крик“, Кожув го скрши отпорот на младите „металци“!

Се чини дека гостинската екипа како да имаше сили за неполни 20 минути. На гостувањето во Гевгелија, МЗТ Скопје Уни Банка покажа дека има талент, но и дека треба многу да работи во обидот да дојде до потребното искуство за играње на прволигашки натпевари, особено на гостински терен. Триминутната серија, односно една добра четвртина, втората, му ја донесе на Кожув победата на овој натпевар. КОЖУВ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА     100:79 Многу подобар почеток имаа младите гостински кошаркари. Во шест минути направија предност од (18:10), која не ја задржаа и…

Црн Дрим одигра добро, но не и да го избегне новиот пораз – Еуро Никел ја оправда фаворитската улога

Тимот на Црн Дрим, денеска беше „тврд орев“ – имаа повеќе од одличен почеток, двоцифрена предност, водеа и по истекот на првото полувреме, но тоа не беше доволно да го совладаат Еуро Никел 2005. ЦРН ДРИМ – ЕУРО НИКЕЛ    72:79 Веројатно и најдобрата четвртина ја одиграа стружани во мечот против гостите од Кавадарци. Во онаа првата делуваа ефикасно, како никогаш досега во овие изминати кола. Црн Дрим Грин мобиле реализираше дури 31 поен во уводниот период од дуелот со Еуро Никел 2005, што е вистинска реткост – 31:19. Но, работите…

Пелистер го пречекува одличниот Гостивар, ќе има ли Еуро Никел лесна задача!?

Неколку одложени натпревари од минатата година, денеска и утре ќе комплетираат две рунди. Три натпревари од број шест, но и еден во текот на утрешниот ден како дуел од број четири. Денешната програма би требало да ја одбележи средбата во Битола од 18:30 часот, каде лидерот во првенството, екипата на Пелистер, го пречекува Гостивар, состав со три победи во низа и скор 6-3. Претходно, од 16:00 часот, во Струга, ќе играат Црн Дрим Грин Мобиле и Еуро Никел 2005, а во Гевгелија од 17:30 часот, Кожув е домаќин на екипата…

Пелистер до нова „стотка“ и просек 100.1, Куманово со нов тренер во нов пораз!

Денеска на програмата од Првата машка кошаркарска лига имавме четири натпревари во рамките од 12-та рунда, каде добивме интересни и „високи“ резултати. Денот го отворија екипите на Црн Дрим и Вардар, во неизвесен дуел кој се играше во полно темпо, а домаќините снемаа сили во последниот период. Екипата на Вардар славеше со 68:81, и ја оствари втората победа по 10 одиграни мечеви. Прв на листата на стрелци беше Ташковски со 25 поени. Во терминот од 17:00 часот, Куманово со нов тренер, го пречека тимот од скопско Тафталиџе, ТФТ. Игор Ѓорѓиевски…

Мирковски си замина, КК Куманово има нов тренер

Досегашниот тренер на КК Куманово, Владимир Мирковски, не се задржа долг период во клубот бидејќи си поднесе оставка по 6 месеци работа. Мирковски го замени Петровиќ во јуни, кога пристигна од ФМП Академија. Сега, по заминувањето, на негово место ќе застане кумановецот Игор Ѓорѓиевски, кој беше помошник на скопскиот стратег. Од неофицијални извори дознаваме дека немало најдобра соработка помеѓу голем дел од играчите со тренерот Мирковски, кои очигледно не го дадоа својот максимум на последните натпреварите во БИБЛ, но и националното првенство на Македонија.

Прв пораз за Пелистер, „луд“ натпревар за Куманово во Гостивар!

Вчера беа одиграни неколку заостанати натпревари кои донесоа интересни резултати. Имавме три средби од четвртата рунда, но и еден дуел од третата. Во терминот од 16:00 часот, рутинска победа над очајниот Црн Дрим запиша составот на ФМП Академија. Екипата од Скопје, водеше во текот на целиот натпревар, а крајниот резултат беше со високи +21, односно 65:86, каде се издвои Атанасов со „дабл-дабл“ учинок – 21 поен и 12 скокови. Нешто подоцна, од 17:30, до крај неизвесен дуел одиграа тимовите на Кожув и Вардар, каде победникот го добивме по продолжение од…

Куманово губеше, па му покажа „мускули“ на Вардар!

Куманово го совлада тимот на Вадар на гостински терен со 95:86, откако на полувреме имаше мала негатива, 49:46. Првата четвртина му припадна на Вардар со само еден кош предност, 23:22, за да во втората имаа 26:24 и минимална предност на полувремето. Во вториот дел, Куманово правеше помал број на грешки и успешно реализираше во нападот за 14:25 во 3/4. Последниот период, скоро цело време го диктираше гостинскиот состав на Владимир Мирковски за +10 позитива. Пред самиот крај, Вардар ја спушти негативата на само 5, но без ниту една шанса за…

КК Пелистер останува лидер – прва победа против Работнички во Скопје!

Денеска беше комплетирана 10-та рунда од кошаркарската Суперлига, со дуелот помеѓу Работнички и Пелистер, кој битолчани ги добија со убедлив резултат постигнувајќи нова „стотка“, 81:105. Ова е воедно и прв триумф за овој клуб на гостување во „Градски Парк“. Непоразените екипи до оваа рунда, одиграа меѓусебен дуел кој не беше испланиран до завчера, но за одлично подготвениот тим на Пелистер не беше проблем. Лесно го надиграа скопскиот гигант и го одлучија мечот дури во првото полувреме. Остануваат единствена екипа со 6/0 и максимални 12 бодови во есенскиот дел. Најефикасен на…