МРК Куманово во тешки услови бележи успешни резултати, следуваат натпревари за влез во Суперлигата и гостување кај Металург во Купот на Македонија

Машкиот ракометен клуб на Куманово моментално настапува во Втората лига, а наскоро ќе ги започне дуелите во плејоф разигрувањето – борба која овозможува пласман во најсилното натпреварување во државата, Суперлигата. Клубот долг период е составен од локални искусни играчи, но и млади таленти кои напорно работат за време на подготвителните и натпреварувачки периоди. Финансиската ситуација и условите во кои треба да се напредува, не се на завидно ниво, но првиот дел од сезоната го изиграа максимално посветено, каде остварија и победи кои на „хартија“ не се очекувани. Во „пролетниот дел“,…

Заврши првата фаза – за титула ќе се бори и Еурофарм Пелистер 2!

Вториот тим на Еурофарм Пелистер обезбеди место во плеј-оф разигрувањето кое сочинува 8 тимови од најсилната македонска ракометна Суперлига. Со победата од 16:23 над РК Прилеп, младите битолчани ја задржаа 3-та позиција пред Тиквеш, и обезбедија историски пласман помеѓу најдобрите тимови во втората фаза од националното првенство. Екипата на Александар Јовиќ покажа голем напредок во играта во последните неколку средби и заслужено се најде помеѓу силните тимови. Во денешните последни натпревари, Тиквеш оствари „пирова“ победа над Работнички со 29:31, а Бутел убедливо славеше во дерби дуелот со Металург, 23:31. На…

Голема победа за Тиквеш против Металург, меч со скоро 80 погодоци!

Екипата на РК Тиквеш забележа голема победа над РК Металург Скопје со 40:38, иако на полувреме губеше со 19:20. Самиот натпревар се одлучи неколку минути пред крајот, кога домашната екипа беше повеќе сконцентрирана и имаше поголема желба за победа. Одличен ден имаше голманот на Металург кој забележа 15 интервенции, но овој учинок на Ѓорѓески не му помогна на тимот да слави на гостувањето во Кавадарци. По 9 погодоци имаа Смиљаниќ кај домаќините и Серафимов кај поразените гости. Со оваа победа, Тиквеш има уште шанси за влез во плеј-оф разигрувањето. Потребна…

Ракометарите на одмор, Еурофарм Пелистер почнува со подготовки на осми јануари

Со завршувањето на натпреварот од првата рунда во групата А на СЕХА Гаспром лигата против Металопластика во понеделникот, завршија активностите и на РК Еурофарм Пелистер за есенската полусезона. Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации. Клубот извести дека со подготовки за вториот дел од сезоната, екипата ќе започне на 8-ми јануари во Битола. По Божиќните празници, Бабиќ ќе прозива во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели. Централната фаза на подготовки е предвидена од 20-ти…

Металург и без странците лесно се справува во лигашките средби

Металург убедливо го совлада тимот на Младост од Богданци на средбата од 12-та рунда, која вчера се одигра во Автокоманда. Составот на Металург беше без странските играчи, но беа успешни со „македонски погон“ и го надиграа противникот за конечни 37:26 (21:10). Овој натпревар за Металург е петти едноподруго за многу кратко време, и е одигран само ден по тешка средба против екипата на Фиверс во Лига Европа. Но, тоа не се почувствува во играта на ракометарите, кои многу брзо го скршија отпорот на противникот и победата ја извојуваа уште во…

Металург обезбеди плеј-оф разигрување за титулата!

Со денешната победа над РК Работнички, во салата „Јане Сандански“, Металург обезбеди плеј-оф разигрување и борба за титулата во македонската ракометна Суперлига. Металург водеше константно во текот на целиот натпревар и не дозволи простор за евентуално изненадување и поматување на сметките за следната фаза. Мора првин да се напомене дека Ончев имаше одличен меч каде постигна дури 12 погодоци за својот Работнички. Кај победничкиот тим, Хорват и Додиќ постигнаа по 6. Потоа, треба да се потенцира и дека Металург промаши дури 6 седмерци, односно 4/10. Сепак, ракометарите беа успешни во…

По долгата пауза, Металург тргна со победа над Бутел

Ракометниот клуб Металург Скопје, во тесен и неизвесен натпревар, вчера успеа да да го победи тимот на Бутел со 19:20. По долгата пауза, Металург тргна со победа во македонскиот ракометен шапионат, каде во голема борба заслужено ги однесе бодовите од тешкото гостување. Средбата очекувано заврши со мал број на погодоци, бидејќи во последен период и двата тимови имаа големи проблеми со корона вирусот и престојот во изолација. Работите се враќаат на свое место и потребен е краток период за постигнување на физичката подготвеност и влегување во натпреварувачки ритам. Во победничкиот…

РК Металург излезе од карантин – следува пеколен распоред!

Ракометниот клуб Металург Скопје конечно излезе од карантин во кој ги мина последните две седмици, па веднаш тргнува во акција. Пред тимот од „Автокомадна“ следува пеколен распоред – Металург треба да одигра дури 7 натпревари во рок од 12 денови. Дуелите се во рамки на македонската Суперлига, но имаат и едно соочување во Лига Европа. Првиот натпервар е денеска со почеток во 19:00 часот, кога на гостински терен ќе играат против екипата на Бутел. 16 декември, 19:00 часот, сала „Антон Димитров“:  Бутел – Металург (рунда 7) 18 декември, 16:00 часот, сала „Боро…

Младите на Пелистер од рутинско водство до просечна победа

Вториот тим на РК Еурофарм Пелистер славеше со 28:25 над Прилеп. Иако на полувреме водеа со 17:10, вториот дел му припадна на гостинот кој сепак само го намали заостанувањето бидејќи немаше доволно сили за подраматична завршница. Победата со сигурност беше обезбедена по првите 30 минути, па младите пелистерци сега се на учинок од 3 победи и 3 порази со 9 освоени бодови на 3-та позиција во Група Б, зад Бутел и Металург. Во домашниот тим, Кузмановски постигна 6 а Стоилевски 5. Кај поразениот тим, Чантурија беше и најефикасен на мечот…

По фудбалот, нови одлуки и за ракометот!

Ракометната федерација на Македонија ги исвести клубовите од машка и женска конкуренција, дека од денес сите натпреварувања се ставени во мирување. Одлуката се должи на измените во Протоколот за организација на спортски натпревари во услови на пандемија кој беше официјализиран во текот на вчерашниот ден. „Ве известуваме дека натпреварите при национален систем на РФМ во Суперлигата и Првата машка ракометна лига и натпреварите од женската ракометна лига се ставени во мирување. Мирувањето се должи согласно измените на Општиот протокол за организирање на спортски настани во услови на пандемија со ковид-19,…