АО: Првата рунда е зад нас – Беноа Пер во свој стил, а вистинските тенисери од врвот без проблеми закажаа нови дуели!

Во понеделник и неговите рани утрински часови, започна првото тениско големо првенство во годината, Австралијан Опен. Новата ситуација со здравствените протоколи не донесе некои големи проблеми, па првиот Грен Слем од сезоната започна во предвидениот термин. Рундата број 1, односно 1/64 финалето заврши денеска во попладневните часови, каде имавме само еден „неочекуван“ резултат во рамките на првите 10 носители. Лесни победи без изгубен сет остварија: Ѓоковиќ (1), Надал (2), Тим (3), Медведев (4), Циципас (5), Рублев (6), Беретини (9), додека со резултат 3:1, место во втората рунда обезбедија Зверев (7)…

(ВИДЕО) Во карантин со Марта Костјук – одржување на кондиција за Австралијан Опен!

Голем дел од луѓето не знаат дека сите тенисери мора да бидат во три неделен карантин за да учествуваат на отвореното првенство во Австралија, како прв Грен Слем турнир во годината. Квалификациите се одржаа во Доха, Катар, а од минатата недела (веќе 10-ти ден) – сите играчи кои обезбедија учество на главниот турнир се сместени во хотелските комплекси во Мелбурн, дури три недели. Планирано е Австралијан Опен да започне на 8-ми февруари. На социјалните мрежи, најактивна е Украинката Марта Костјук, која секојдневно наоѓа мир во кондициските тренинзи. Можеби ова е…

НЕВЕРОЈАТНО! „Лоб твинери“, трчање… Исцрпувачка размена и поен за искусната Кони Перин! (ВИДЕО)

Неверојатна размена за долг и исцрпувачки поен имавме на дуелот помеѓу 30-годишната Кони Перин од Швајцарија и 23-годишната тенисерка од Италија, Бјанка Турати. Станува збор за меч во рамките на ИТФ турнирот во Хамбург, во кој пред два денови славеше Перин со 1:2 во сетови. Уживајте!

Новото нормално е всушност ненормално – Кудла на бизарен начин ги заврши квалификациите за АО!

Деновиве, во Доха, Катар, се играат квалификациите за првиот Грен Слем во сезоната, Австралијан Опен. Сите играчи кои пристигнаа во комплексот, беа со негативен тест. Меѓутоа, во повтореното прегледување, двајца играчи добија позитивен резултат. Еден од нив е Франциско Серундоло, кој без борба мораше да му предаде на Марио Вилела во втората рунда. Вториот случај, кој е бизарен, е со Денис Кудла. Тој имаше 6:4 и 5:3 против французинот Беншетрит кога се дозна дека американецот има позитивен тест. Во тој момент, и двајцата играчи беа на терен. Беншетрит сервираше за…

Знаат каде треба – млади и познати таленти на тренинг кај Надал!

Феликс Оже-Алијасим, Лоренцо Сонего и Емил Русовори се подготуваа за следната сезона во Академијата на Рафаел Надал. Беше одлично што Ве имавме тука, во изминатите неколку недели. Ви благодарам што ја избравте мојата Академија и Ви посакувам голем успех во претстојната 2021 година, напиша Надал на својот инстаграм профил. Италијанецот Сонего има 25 години и веќе долг период води битка со најдобрите, но, за Оже-Алијасим (20) и Емил Русовори (21) е потребна работа со најдобрите. Нивните шампионски кариери сега започнуваат.

Ѓоковиќ стана вториот играч со 300 недели како број еден!

Србинот го брка рекордот на Федерер од 310 недели како број еден на АТП листата! Новак Ѓоковиќ денеска стигна до бројката од 300 недели како број 1 играч во светот на АТП листата. Тој стана само вториот тенисер во историјата кој ја достигнал оваа бројка. Српскиот ас, својата професионална кариера ја започна на 4 јули 2011 година. Моментално е пред Рафаел Надал со 2,180 бодови. ТОП 5 ТЕНИСЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КАКО БРОЈ 1: 1) Роже Федерер – 3102) Новак Ѓоковиќ – 3003) Пит Сампрас – 2864) Иван Лендл – 2705)…

ДЕБАКЛ: Искусниот Марин Чилиќ загуби од играч што скоро и да го нема на тениската мапа

Искусниот хрватски тенисер, 32-годишниот Марин Чилиќ, загуби од Јонас Форејтек и тоа со 0:2 во сетови. Натпреварот беше дел од првата рунда на АТП турнирот во Софија. Младиот 19-годишен чешки тенисер го прегази, оваа сезона очајниот Чилиќ, со 6:3 и 6:2. За Јонас Форејтек ова е прв настап на еден АТП турнир бидејќи настапува на ИТФ и Челинџер, а во ваква слична рамка има два пати успешно настапувано на Дејвис Купот за својата држава против БиХ. Од поважните резултати, тој исто така го освои УС Опен турнирот за јуниори во…

Шампионски поздрав – Ѓоковиќ му се обрати на Петар од Македонија

Српскиот тенисер и број еден во светот, Новак Ѓоковиќ, го израдува малиот Петар од Македонија, кој воедно е и негов голем фан. Преку обраќање на Скајп, шампионот покажа како треба една икона во овој спорт да работи и кога не е на теренот. Видеото на Твитер го објави таткото на малиот Петар, кој упати голема благодарност до Ѓоковиќ за радоста на својот син. Поради аутизмот и терапијата која ја има, на Петар честопати му се потребни ситуации во кои ќе ја врати насмевката на своето лице и спокојно ќе легне…

ВИДЕО: Промашување на годината – Салваторе Карузо

Салваторе Карузо со пресврт загуби од Корентан Муте со 3:6, 7:6, 6:3 во првата рунда од АТП Мастерс турнирот во Париз, но во текот на целиот вчерашен ден не се случи ништо што можеше да го надмине овој пропуст.

Ритерн на месецот, можеби и на сезоната? (ВИДЕО)

Ваков ритерн во тенисот немате видено во блиско минато, со сигурност. Одличен удар на Григор Димитров во вчерашната победа против Стефанос Циципас. Дуелот беше во рамките на 1/4 финалето од АТП турнирот во Виена, а за влез во големото финале, бугарскиот играч моментално води битка со британецот Дени Еванс.