Академија Пандев со нов тренер на мегдан во Тетово

Денеска со почеток во 15:30, се играат останатите четири дуели од 6. коло на Првата македонска фудбалска лига. Вчера, Македонија ЃП го совлада Вардар со 2:1, а Работнички и Струга ТиЛ со 1:1, ги поделија бодовите.

Шкендија после огромниот успех и пласман во следното квалификациско коло од Лига Европа и дуел со Тотенхем, ќе биде домаќин на Академија Пандев, која остана без досегашниот тренер. На чело доаѓа Југослав Тренчовски, од кого се очекува да го разбуди тимот од длабок сон и да го подобри лошиот старт од 4 порази во 5 одиграни натпревари.

Натпреварот помеѓу ФК Шкендија и ФК Академија Пандев ќе започне со директен пренос на МРТ 1 во 15:25 часот.

Во другите дуели Беласица ќе го пречека Пелистер, Ренова гостува кај Шкупи, а во Кратово, Силекс игра против Борец.

Сподели

Можеби ќе ве интересира