Алваро Гонзалес: Не сум расист, Нејмар нека научи да губи

Олимпик Марсеј со 0:1 и голот на Флоријан Туван, на „Паркот на принцовите“, му го нанесе вториот пораз во второто коло на Пари Сент Жермен.

Но, натпреварот во самиот финиш доби слика која не наликува на фер-плеј и убавата фудбалска игра. Мечот заврши со вкупно 5 исклучени фудбалери, меѓу кои беше и темпераментниот Нејмар. При еден дуел на центарот на игралиштето, Алваро Гонзалес и Нејмар имаа судир. Бразилецот сакаше веднаш да се реваншира, по што настана голема турканица и тепачка. Од игра беа искучени и левиот бек на ПСЖ, Курзава, Паредеш поради втор жолт картон и Амави и Бенедето од Марсеј.

Нејмар како и секогаш прв се огласи и кажа дека станува збор за расизам и голем број на навреди кон него од страна на Гонзалес. Но, шпанецот веднаш по тоа одлучно посочи дека не станува збор за расизам поради фактот што низ целата кариера има настапува со секакви луѓе и има чисто минато. Тој му посочи на Нејмар да научи како се губи и дека Марсеј заслужено освоил неверојатни 3 бода во дербито.

ПСЖ во првото коло загуби од новиот член на Лига 1, Ленс, а Марсеј е веќе на 6 бода откако го совлада и тимот на Брест.
Во следното коло, Нејмар и екипата првата победа ќе ја бараат против Мец, а тимот на Боаш ќе го пречека Сент Етјен.

Сподели

Можеби ќе ве интересира