Александар Васоски – нов тренер на Академија Пандев!

Александар Васоски од денес е нов тренер на Фудбалскиот клуб Академија Пандев.

Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер.

Клубот од Струмица веќе ја објави и програмата за зимските подготовки. Собирот е на 8-ми јануари, каде ќе се одработи и првиот дел од подготовките, за да веќе на 20-ти јануари се оди во Анталија, Турција на двонеделен тренинг и неколку пријателски натпревари.

Огромна чест и задоволство ни е што едно од нашите најголеми фудбалски имиња, а воедно и еден од најдобрите македонски тренери ја прифати нашата понуда и се пронајде во визијата која клубот ја негува, а тоа е создавање на млади фудбалери кои подоцна ќе настапуваат во екипи од врвните европски лиги.

Академија Пандев по 18 одиграни натпревари во првиот дел од сезоната освои само 17 бодови и се наоѓа на 11-та позиција, 1 бод помалку од Пелистер и 2 помалку од Ренова, кои се наоѓаат во зоната за разигрување.

Сподели

Можеби ќе ве интересира