Алкантара: Тука израснав и станав вистински професионалец

Тијаго Алкантара се раздели од Бајерн Минхен по 7 успешни сезони. Тој со клубот освои неверојатни 17 титули и прерасна во вистински играч, откако во 2013 дојде од Барселона како талент кој ветува.

Прекрасно живеевме со моето семејство и навистина сум му благодарен на овој неверојатен клуб. Тука израснав и се формирав како професионалец. Се стекнав со големо искуство, времето го поминав во радости со големите успеси.
Оваа одлука е само со спортски мотиви. Сакам и ми се потребни нови предизвици. Бајерн секогаш ќе биде мој дом, објави Алкантара на својот твитер профил.

Играчот најверојатно ќе потпише за Ливерпул, откако се погласни се зборувањата дека трансферот е договорен и се очекуваат само медицинските прегледи за сума од 25 милиони фунти.

Сподели

Можеби ќе ве интересира