Ангеловски: Настапот на ЕП е во наши раце

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, одлучно посочи дека иднината ние ја креираме – настапот на претстојното Европско Првенство зависи од нас самите.

Настапот на ЕП е во наши раце. Добро знам што можат момците и ќе го сторат тоа. Задача ни е да бидеме подготвени за секое сценарио. Сигурен сум дека од фудбалерите, на овој меч ќе го видите најдоброто. Го почитуваме максимално противникот, но кога ќе почне мечот размислуваме само на победа.

На чело на репрезентацијата, Ангеловски е од 2015 година. Од тогаш, имаме изиграно 39 натпревари: 17 победи, 14 порази и 8 нерешени средби.

Сподели

Можеби ќе ве интересира