Ангеловски објасни: Прекините и задната линија да ја затвориме, се почнува од нас!

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, во кратко видео обраќање за ФФМ објасни каде ги бара слабостите на домаќините и преку кои играчи можеме да направиме позитивен резултат.

Нешто најважно што треба да го направиме е да ги оставиме нивните два одбранбени играчи под притисок, да не можат да организираат напад, да идат на долга топка. Да имаме поголем посед од нив, бидејќи играат многу широко па треба да го искористиме просторот. Тука се најопасните наши поединци, Елиф, Горан па да нападнеме на задната линија, потпомогнати од Џани и Стефан во ситуации кога ќе има шанса. Прекините мора доста добро да ги затвориме, висока екипа е Грузија. Се почнува од нас, мора да им се даде максимална поддршка на играчите, и да се пласираме на Европско Првенство.

Да напоменеме само дека Аријан Адеми одработи целосен тренинг, но е под знак прашалник за настап на вечерашниот меч, а Кире Ристевски и Крсте Велкоски се надвор порази Ковид-19. Вчера отпадна и Енис Барди кој остана во Скопје поради болки во ‘рбетот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира