Ангеловски: Со проверени сили одиме против Романија, Лихтенштајн и Германија!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација децидно посочи дека тимот е проверен и има искуство за вакви натпревари, каде се очекува максимумот.

Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност.

Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а  тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа, изјави Ангеловски. 

Имавме неколку промени во тимот, каде поради повреди отпаднаа Зајков, Тричковски и Костадинов, а простор добија Агим Ибраими и Стефан Ашковски, заврши селекторот.

Првиот дуел е гостување во Романија, во четврток од 20:45 часот.

Сподели

Можеби ќе ве интересира