Анегдота од Украина: Се надевавме на 20, добивме 60 милиони

Поранешниот тренер на украински Шахтјор, Пауло Фонсека, раскажува интересна анегдота која никогаш нема да ја заборави.

„Кога слушнавме дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на Фред, се надевавме дека ќе заработиме помеѓу 20 и 25 милиони евра, затоа што имаше многу лоша сезона. По два дена, ја добивме официјалната понуда од Манчестер Јунајтед, која гласеше неверојатни 60 милиони евра! Се смеевме цел ден! Му кажав на мојот помошник да ја покачи цената на 64 милиони евра. Следното утро, стигна потврда дека тимот од Англија ја прифаќа покачената цена и се спремни да платат за Фред онолку колку што побаравме. Се сеќавам дека тогаш реков: Зарем овој свет побудалел? Му реков на мојот соработник да отвори шише шампањ – затоа што целата ситуацијата изгледаше како голема добивка на лотарија.“

Португалецот беше тренер на Шахтјор од 2016 до 2019 година, а Фред потпиша со Јунајтед во 2018 година. Во последната негова сезона, бразилецот во 37 одиграни натпревари постигна 4 погодоци со 7 асистенции и имаше рекордни 14 жолти картони.

Моменталната цена за играчот од средниот ред е 18 милиони евра.

Сподели

Можеби ќе ве интересира