Арсенал со сигурна и убедлива игра на стартот

Арсенал лесно и со доминантен став ја доби екипата на Фулам. Иако добиениот состав не е големо мерило, Микел Артета со 0:3 даде до знаење дека оваа сезона сака да биде озбилен конкурент во Премиер Лигата.

Тимот на Арсенал уште на почеток покажа дека сака лесни 3 бода од гостувањето кај Фулам, па во 8-та минута со голот на Лаказет го отворија резултатот. Во второто полувреме пак, за 8 минути постигнаа два гола со две асистенции на новото засилување, Вилијан. Стрелец на вториот гол беше исто така уште едно ново засилување, 22 годишниот стопер, Габриел, за да подоцна со прекрасен погодок Пјер Емерик Обамејанг го заклучи семафорот за конечни 0:3 и победа на Арсенал.

Следното коло, Вест Хем гостува на Емиратите, а Лидс го пречекува раздрманиот состав на Скот Паркер.

Сподели

Можеби ќе ве интересира