Баварците го посрамотија Шалке

Баерн Минхен го победи Шалке со неверојатни 8:0 на отворањето на германската Бундес Лига, а Серж Гнабри постигна хет-трик.

Силата почнаа да ја демонстрираат уште во 4-та минута, токму со првиот погодок на Гнабри, кој игра фантастичен фудбал од крајот на минатата сезона. Тој во листата на стрелците се запиша уште два пати, на почетокот на второто полувреме во 47-та минута и нешто подоцна во 59-та минута, а два пати на асистенција на новиот играч, Лирој Сане кој вооедно беше и стрелец на седмиот гол за Баерн. Во листата се запишаа и Горецка, Левандовски, Милер но и младиот 17 годишен англичанец, Џамал Мусала. За него, ова е прв гол во првиот настап за клубот од „Алијанц Арена“. Во Баерн дојде од Челси како бесплатен играч, минатата сезона.

Шалке во неколку наврати се обиде да постигне гол, но беше неизводливо. Тие дуелот го завршија со само еден удар во рамките на голот.

Следниот натпревар за Баерн Минхен е против Хофенхајм на гости, а Шалке го пречекува Вердер Бремен.Сподели

Сподели

Можеби ќе ве интересира