Баерн Минхен слета во Будимпешта (ФОТО)

Баерн Минхен слета во Будимпешта за утрешниот дуел против тимот на Севиља, во УЕФА Супер Куп натпреварот кој започнува во 21:00 часот.

Освен Квинси Коман кој е во карантин, на тренерот на Баерн Минхен, Ханс Флик, му се достапни сите други фудбалери.
Под знак прашалник за Севиља е единствено Мунир Ел Хадади.

Германскиот првак на оваа средба доаѓа по големата победа од 8:0 против Шалке. Првенството во Шпанија не е се уште започнато, но Севиља одигра два подготвителни натпревари. Едниот со Атлетик Билбао каде оствари победа од 2:1 и вториот со Леванте каде исто така славеше, но со 3:2.

Пред скоро месец дена, УЕФА даде „зелено светло“ за присуство на публика, но со само 30% од вкупниот капацитет, се со цел да се запазат мерките за претпазливост кои ги бараат здравствените власти.

Натпреварот се игра на Пушкаш Арена, а судија ќе биде Ентони Тејлор.

Сподели

Можеби ќе ве интересира