Беласица на 0/7, Македонија ЃП дојде во европскиот дел

Акадамија Пандев 1:0 Силекс
Тимот од Струмица во водство дојде во 78-та минута преку пенал на Кире Маркоски. Силекс во катастрофална форма по одличниот старт и високата гол разлика од 15:3. Со 3-те порази по ред, тимот од Кратово моментално е на 6-та позиција.

Пелистер 1:3 Шкендија
Ѓорги Танушев го отвори натпреварот со гол од белата точка дури во 5-та минута. Но, веќе на полувреме имавме нерешен резултат од 1:1 со голот на Ваљон Ахмеди. Во вториот дел, Љупче Дориев го доведе во водство својот тим со 1:2, за да со гол од пенал Бесарт Ибраими стави крај на натпреварот во 86-та минута.

Ренова 1:3 Македонија ЃП
Гостите постигнаа погодок во 11-та минута преку искусниот Филип Петров за 0:1. Пред крајот на првиот дел, гол од пенал постигна Сефер Емини за солидни 0:2. Во второто полувреме, натпреварот беше без поголеми возбудувања. Дури во 90-та минута, косовскиот фудбалер Аљуш Гавазај постигна почесен гол за домаќините, но веднаш по неколку минути игри од надополнувањето, Арби Воша го заклучи мечот со 1:3.

Струга Т&Л 2:0 Шкупи
Нијас Лена беше стрелец и на двата голови, еднаш во првото полувреме во 14-та минута и еднаш по 1 час игра за 2:0.
Струга е сега на 3 натпревари без пораз, со освоени 7 бодови.

Вардар 3:1 Беласица
Вардар убедливо го доби првото полувреме со 2:0 преку головите на Мартин Мирчевски и Милован Петровиќ. Бразилецот Робисон Да Силва го постигна само вториот погодок за Беласица во седмиот одигран натпревар, но повеќе не можеше. За да бидат конечните 3:1, се потруди Филип Петровски. Беласица останува на дното од лигата со 0 поени. Во следниот дуел, на домашен терен Беласица има голема шанса против Ренова да го намали малку ова очајно бодовно салдо.

Сподели

Можеби ќе ве интересира