Бразилецот на Вардар му донесе бод на Пелистер во големото дерби

Фудбалскиот клуб Пелистер, во судиското надополнување односно 94-та минута, дојде до бод против својот вечен ривал ФК Вардар во големото дерби од Македонската фудбалска лига, во рамките на 8-та рунда.

Вардар наметна свое темпо во првото полувреме, па во 32-та минута дојде до водство од 0:1 со голот на младиот играч од средниот ред, Матеј Цветановски. Но, пред самиот крај, по опасен и последен напад на домаќините, дефанзивецот на Вардар, бразилецот Чарлстон постигна автогол и му донесе огромен бод на Пелистер.

Битолчани остануваат во зоната која води во доигрување за опстанок во првата лига, а Вардар е веднаш над нив со само 1 бод повеќе.

Во следната рунда, Пелистер оди кај Ренова, а Вардар игра уште еден голем натпревар, ново дерби на рундата со тимот на Шкендија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира