Вардар едвај го совлада истоимениот Форино

Фудбалскиот клуб Вардар од Скопје, после изведување на пенали беше подобар од гостиварскиот Вардар Форино, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со 2:2.

За Вардар, од пенал првин стрелец беше Блажевски во 37-та минута. Во вториот дел, Петковски во 57-та минута го зголеми водството на 0:2. Но, со двата брзи гола на Амир Алиу во 72-ра и 74-та минута, гостиварци обезбедија изведување на удари од 11 метри. Вкупно беа изведени дури 18, а со само 2 промашени пенали, ФК Вардар се пласираше во 1/8 финале од Купот на Македонија за сезона 20/21.

Натпреварот се одира на градскиот стадион во Гостивар.


Сподели

Можеби ќе ве интересира