Вечерашниот натпревар на Македонија ќе има ВАР-технологија

На вечерашниот квалификациски натпревар помеѓу Македонија и Косово, ќе бидеме сведоци на добропознатата ВАР-технологија.

УЕФА пред повеќе од една недела донесе одлука дека на завршниот турнир од Лигата на нации, односно трите квалификациски средби ќе се користи современата техника во фудбалот.

Од Фудбалската федерација на Македонија информираа дека сите услови кои ги налага УЕФА се присутни и одобрено е користење на технологијата. Вчера беше направен официјален тест а повторно проверување на целиот систем имаше и два часа пред стартот на дуелот односно пред 15-тина минути.

Мечот на македонската А селекција започнува во 20:45 со директен пренос на МТВ 1 и странскиот канал Спорт Клуб.

Сподели

Можеби ќе ве интересира