ВИДЕО: Димитриевски одбрани пенал, на три натпревари е без примен погодок

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, се подготвува за историскиот натпревар на 12-ти ноември. Тој вчера беше главниот фактор во победата на Рајо Ваљекано од 2:0 над Фуенлабрада.

Судијата досуди пенал за гостите во 26-та минута, но Димитриевски со одлична проценка го одбрани ударот на Салвадор. Со тоа, овозможи неговиот тим во второто полувреме да ја преземе иницијативата. Тоа и се случи, па во 71-та и 82-та минута Рајо постигна два погодоци преку Мартин и Антонин. По 9 одиграни рунди, тимот се наоѓа на 4-та позиција со 16 освоени бодови.

За Столе Димитриевски, ова е трета сочувана мрежа во последните четири стартувања на голот, по репрезентативниот настап и црвениот картон против Грузија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира