ВИДЕО: Катастрофална грешка, нов кикс на Барселона

Барселона не успеа да стигне до победа во Ла Лига ниту во четвртиот натпревар по ред, откако денеска на гостувањето кај Алавес одигра 1:1.

По одличната игра против Јувентус во Торино, голем број од навивачите на каталонскиот гигант се понадеваа дека таквиот стил ќе продолжи и во лигашките натпревари па ќе започнат со победи, но тоа не се случи.

Катастрофалната грешка на Пике и Нето ја отежна работата на гостите по примениот погодок во 31-та минута од страна на Риоха. Тимот на Роналд Куман беше доминантен, имаше 25 шутеви од кои 9 во рамките на голот, но само за 1:1 во 63-та минута со голот на Гризман. Алавес играше половина час со играч помалку и успешно остана непоразен.

Со ова реми, Барселона и Алавес се на 12-то место со по 8 освоени бодови, но баскијците имаат 1 одигран меч повеќе. Лидерот на табелата, Реал Мадрид, има 16 бодови од 7 одиграни рунди.

Сподели

Можеби ќе ве интересира