(ВИДЕО) Мурињо со убав гест за македонски спортски новинар

Жозе Мурињо утрово одговараше на прашања на неговата прес конференција, но не се надеваше дека ќе има шанса да вети дека ќе оствари желба на еден македонски спортски новинар.

Се работи за Игор Александровиќ, кој пред извесен период останал без својот татко. Тој бил личност која се восхитувала на ликот и делото на Жозе Мурињо. Никогаш немал можност да се запознае со „специјалниот“, па му кажал на синот доколку има шанса, неговата желба да ја исполни во негово име и да постави слика на вечното почивалиште од него и тренерот.

Дојде и тој ден, кога Игор ќе има шанса да ја оствари желбата на татка си, и да му однесе подарок за неговиот роденден кој е за неколку денови, како што соопшти тој на својот Фејсбук профил.

Овој гест наиде на огромно задоволство во англиската јавност, но, и на нашите простори.

Во продолжение можете да ја видите и слушнете конверзацијата помеѓу Игор и Жозе:

Сподели

Можеби ќе ве интересира