ВИДЕО: Народски кажано, му легна! Бомба на Урош Рачиќ во дресот на Валенсија!

Младиот српски фудбалер, Урош Рачиќ, постигна феноменален погодок во дресот на Валенсија, на денешното гостување кај Атлетико Мадрид.

Рачиќ со овој погодок го отвори натпреварот, и само ги разлути моменталните лидери на табелата во шпанската Ла Лига, бидејќи тимот на „Чоло“ Симеоне славеше со 3:1.

Урош Рачиќ е дете на ОФК Београд, но своето „лансирање“ во Европа го стори кога настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2017/18.

Сподели

Можеби ќе ве интересира