(ВИДЕО) Фантастичен продор на брзиот Луис Муриел

Колумбискиот фудбалер и член на италијанскиот клуб Аталанта, Луис Муриел (29), постигна гол во соло акција по фантастичен продор од својата половина.

Муриел на истекот на првото полувреме, по одличен пас на голманот Варгас, сам организираше контра напад и го постигна својот втор погодок на натпреварот против Венецуела, на кој колумбијците славеа со 3:0. Дуелот се играше во рамките на квалификациите во Јужна Америка за следното Светско Првенство.

Сподели

Можеби ќе ве интересира