Викендов продолжува Прва МФЛ

Утре се враќа Првата македонска фудбалска лига, откако имавме една недела пауза поради новите одлуки донесени во врска со безбедноста и јавното здравје на граѓаните.

Натпреварите од 11-та рунда првично беа закажани за 31-ви октомври и 1-ви ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид-19”. Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од 1. МФЛ.

Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата „Ковид-19“, стои во соопштението на ФФМ.

По 10 одиграни натпревари, на чело на табелата се тимовите на Шкендија и Шкупи со по 22 освоени бодови, а зад нив, со 19 се наоѓа Македонија Ѓ.П. Екипите на Вардар, Работнички и Пелистер се на делба на 9-та позиција која води во разигрување за опстанок во најелитното фудбалско натпреварување, со по 12 освоени бодови.

НАТПРЕВАРИ 11-ТА РУНДА:

САБОТА 13:30:

Академија Пандев – Беласица
Борец – Пелистер
Работнички – Шкупи
Ренова – Шкендија
Струга ТЛ – Вардар

НЕДЕЛА 13:30:

Силекс – Македонија Ѓ.П.

Сподели

Можеби ќе ве интересира