ВМФЛ: Осогово ја наполни мрежата на Росоман со 7 погодоци, Брегалница – сигурна!

Денеска се одигра 16-та рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, каде имавме голем број на погодоци и интересни резултати.

Во центарот на вниманието беше Осогово и победата од 1:7 над Росоман, но и високата победа на Кит Го Пехчево од 5:1 против Плачковица, сигурната победа на Брегалница на гости кај Слога Виница и добриот меч на Каменица Саса со Кожув.
Од останатите резултати, Кораб и Дрита по нерешениот резултат на полувреме од 1:1, одиграа меч со 5 погодоци, а целиот плен го однесе гостинскиот тим со конечни 2:3, а без голови беа средбите помеѓу Велешта – Скопје и Победа – Тиквеш. Во Гостивар, Велазерими забележа минимален пораз, а Кадино Скопје патуваше до Охрид за пораз од 2:1.

Со денешната победа на Брегалница, а ремито на Тиквеш, тимот од Штип има предност од дури 7 бодови во источната дивизија. За Осогово, ова е втора победа во низа и сега се со 19 бодови сигурни на седмата позиција. На „запад“ е поинтересно во борбата за втората позиција, бидејќи екипите на Гостивар и Велешта се изедначени со по 30 бодови, а со три победи во низа, ФК Охрид е сега на 28 бодови и им е зад петиците.

Сподели

Можеби ќе ве интересира