ВРЕМЕПЛОВ:(ВИДЕО) 27 години од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија

На 13-ти октомври 1993 година, на стадионот Шпортни Центер „Станко Млакар“ во Крањ, македонската фудбалска репрезентација го одиграла својот прв натпревар по осамостојувањето, против тимот на Словенија.

Станува збор за пријателски натпревар, на кој, Македонија славела со 4:1, а на трибините имало одлична атмосфера со повеќе од 3.000 гледачи.

Стрелци на головите биле: Зоран Бошковски 3′ минута, Дарко Панчев во 37′ минута, Чедомир Јаневски во 48′ минута и Драги Канатларовски за вкупните 4 погодоци во 51′ минута. За словенците, единствен стрелец бил Јанез Пате во 40′ минута.

Андон Дончевски бил прв тренер на тимот на Македонија, а во својот почетен официјален фудбалски натпревар, сме ги имале следниве играчи:

ПРВ СОСТАВ:
1. Зоран Мицевски, 2. Кире Грозданов, 3. Зоран Јованоски, 4. Драги Канатларовски, 5. Илија Најдоски, 6. Чедомир Јаневски, 7. Зоран Бошковски, 8. Љупчо Марковски, 9. Дарко Панчев (К), 10. Бобан Бабунски, 11. Тони Мицевски.

РЕЗЕРВИ:
12. Сашо Милошевски, 13. Горан Георгиевски, 14. Лазо Липоски, 15. Неџмедин Мемеди, 16. Ванчо Мицевски.

Во продолжение, можете да го слушнете интонирањето на химната и головите на македонската фудбалска репрезентација:

Сподели

Можеби ќе ве интересира