Втор ден квалификации од Лига на шампиони

Втор дел од последната рунда на квалификации во Лига на шампиони или попозната како плеј-оф.

Во Молде, со истоимениот тим, Ференцварош одигра навистина возбудлив натпревар. Унгарците ќе се вратат дома со 3 постигнати голови во гости, но сепак без предност. Тие имаа предност од 0:2, па по 30 минути игра и губеа со 3:2, а да пред самиот крај во 87 минута од пенал го изедначат резултатот и останат во подобра ситуација пред реванш дуелот.
Во Пиреј, Олимпијакос беше домаќин на соседната Омонија на Кипар. Грчкиот состав беше видливо подобар, но се до 69-та минута резултатот беше непроменет од самиот почеток. Тогаш, Валбуена од пенал им донесе предност на домаќините, а во судиското надополнување, Јусуф Ел Араби го заклучи натпреварот на 2:0.
Гент одигра 1:2 со украинискио Динамо Киев, па го очекува тешко гостување за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Вчера, Славија Прага одигра без голови со Мидтјиланд, Салзбург славеше во Тел Авив против Макаби со 1:2, а Краснодар во руско-грчката пресметка го совлада ПАОК со 2:1 иако први до водство стигнаа грците преку Пелкас.

Сподели

Можеби ќе ве интересира