Вулвс ја претстави третата гарнитура

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон од Англија, го претстави третиот дрес за новата сезона 2020/21 и сега навистина го оправдуваат второто име – “ФК Португалија“.

Португалецот Нуњо Еспирито Санто, во тимот има 9 “свои“ играчи. Дали ова со дресот е случајно или е маркетиншки трик, останува да видиме деновиве, но изгледа фантастично.

Во продолжение, можете да ги прочитате сите имиња на фудбалери од првиот тим на „Волците“ кои доаѓаат од Португалија:
1. Руи Патрисио
2. Рубен Винагре
3. Рубен Невеш
4. Даниел Поденс
5. Жоао Мутињо
6. Витиња
7. Педро Нето
8. Диого Жота
9. Фабио Силва

Сподели

Можеби ќе ве интересира