Герет Бејл пристигна во Лондон кај Мурињо

Герет Бејл пристигна во Лондон за потпис со Тотенхем. Велшкиот репрезентативец ќе заигра клупски фудбал откако минатата сезона во Реал Мадрид имаше само 16 настапи, со многу мала минутажа.

Бејл ќе биде на позајмица во Тотенхем со право на откуп наредната сезона. Нов играч за Мурињо ќе биде и Серхио Регилон, кој заедно во приватен авион долета со Бејл и газдата на Тотенхем, Даниел Леви.

Ова ќе бидат две големи засилувања за лондонскиот тим, кој се обидува да дојде до групната фаза од Лига Европа, но и со сигурност ќе биде “тврд орев“ за екипите од Премиер Лигата, иако започнаа со пораз на домашен терен од Евертон.

Сподели

Можеби ќе ве интересира