Говорот на Ангеловски: Како селекторот ги мотивираше нашите јунаци?

Дечки, сето она што го направивте – го направивте заедно. Вие сте среќа за илјадници луѓе и гордост за Вашите фамилии. Со Вас создадовме едно семејство, не само заради вашиот талент, туку и поради вашите човечки вредности и позитивен дух.

Денес, после 5 години Вие сте едно тело. Денес Горан е Барди, денес Барди е сите ние. Денес Бобан, Аријан, Стефан, Аце, Влатко, Кире, Столе, Егзон, Висар, Даре, Ѓоко, Тихо, Крсте се едно! Денес Елиф е Нестор, а Нестор е Иве! Денес Столе има шест раце, денес и Шишко и Мартин се покрај тебе.

Вие сте сплотени за целта на многу генерации да стане реалност. Денес Македонија ќе Ве бодри од секој дом, денес ќе треперат многу срца, не се плашете! Денес победува срцето, а не нозете! Денес победува другарството, а не личноста. Денес ќе испишете историја што ќе се памети со генерации. Со среќа!

Сподели

Можеби ќе ве интересира