Да го завршиме овој циклус со победа, порачаа Ангеловски и Тричковски

Во пресрет на денешниот натпревар против Ерменија, Ангеловски и Тричковски се едногласни – „да го завршиме овој циклус со победа.“

“Не сум селектор кој калкулира, па на нерешено и не знам да играм, тоа ми е маана. Ќе играме на победа со сите расположливи сили, играме натпревар кој ни значи. Сепак, секој позитивен резултат ќе не однесе во Б-Лигата, тоа е приоритет. Јас ќе го извадам максимумот од играчите за да победиме.”

„Атмосферата е одлична и на највиско ниво, мотивацијата никогаш не ни недостасувала – не’ краси тоа. Индивидуално и тимски сме мотиварни, на утрешниот натпревар ќе докажеме дека можеме, ќе направиме се да забележиме добар резултат. Се чуствувам поконфорно… Сега имаме дополнителна мотивација, немаме публика, но имамаме императив – прво место.”

Сподели

Можеби ќе ве интересира