Денеска на програмата се осминафиналните дуели од Купот на Македонија

Фудбалскиот Куп на Македонија стигна до 1/8 финалето. Денеска со почеток од 14:30 часот, се играат сите 8 натпревари од оваа фаза.

Академија Пандев го пречекува Вардар, Брегалница е домаќин на Беласица, Силекс гостува кај Кожув во Гевгелија, Македонија Ѓ.П. во Скопје игра против Каменица Саса, Пелистер доаѓа кај Ренова, Шкендија во Тетово силите ќе ги одмери со Гостивар, од Пехчево доаѓа Кит Го на мегдан со Шкупи а Работнички патува во Струга против Трим и Лум.

Само да напоменеме дека во оваа сезона имаме променет формат поради пандемијата со Ковид-19, па се до крајот на турнирот ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат – директно ќе се изведуваат пенали.

Следната рунда, односно 1/4 финалето, планирано е да се одигра на 25-ти ноември.

Сподели

Можеби ќе ве интересира