Денеска се враќа „Бундес“, утре „Калчо“

По скоро 3 месеци, се враќа германската Бундес Лига. Првенството вечерва во 20:30 го отвораат ланскиот шампион Бајерн Минхен и екипата на Шалке. Утре пак, во 18:00 часот на домашен терен Фиорентина ќе го пречека тимот на Торино во првото коло од Серија А.

Како и секоја година па така и оваа, германците отвораат во петок. Бајерн Минхен ќе ја пречека екипата на Шалке и ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога во првото коло. Нови членови на Бундес Лигата за оваа сезона се: легендарниот и чест член во оваа првенство, Штутгарт, и Арминија Билефелд исто така стар клуб формиран во 1905 година но се најголем број на настапи во „цвајта“.

Новата сезона од Серија А започнува во сабота, а како новајлии во лигата се: Специја, Беневенто и Кротоне. Овој пат, во првенството на Италија се случија голем број на трансфери, и неколку тимови пополни клучни позиции во борба за титулата но и местата кои водат во Европа. Сепак, останува да видиме како ќе се средат екипите и дали новите играчи навистина ќе бидат од помош. Шампионот за 2019/20, Јувентус, првиот натпревар го игра во недела против Сампдорија.

Сподели

Можеби ќе ве интересира