Денеска се игра втората рунда од англискиот Лига Куп

Денеска се играат натпреварите од второто коло во англискиот Лига Куп, кој е воедно и втор официјален Куп во Англија. За многумина ова е непотребно натпреваруње поради фактот што успехот не носи место во европските натпреварувања. Но, за англиските фанови, настап на нивниот омилен клуб во било кое време и место значи тотално уживање.

Ќе се одиграат вкупно 25 натпревари во оваа коло, а од директно пласираните екипи во 1/16, ждребот веќе одреди една двојка односно мечот помеѓу Лестер-Арсенал. Останатите кои го чекаат својот противник се Тотенхем (Лејтон Ориент или Плимут), Манчестер Сити (Бурнемут или Кристал Палас), Ливерпул (Бредфорд или Линколн), Челси (Милдзбро или Барнсли) и Манчестер Јунајтед (Ридинг или Лутон).

Втората рунда ќе трае 3 дена. Првите дуели започнуват денеска во 19:00, а како едни од најинтересните што не очекуваат, се: Вулвс – Стоук, Бурнемут – Кристал Палас, Дерби – Престон, Ипсвич – Фулам и Лидс – Хал.

Се игра еден натпревар, а доколку истиот заврши со нерешен исход – веднаш се шутираат удари од 11 метри. Следната рунда (трета) се игра на 22 и 23 септември.

Сподели

Можеби ќе ве интересира