Денеска стартува Чемпионшипот, утре Премиер Лигата

Вечерва со почеток од 20:45, Вотфорд на домашен терен го пречекува Мидлзбро со што ќе ја отвори новата сезона во добропознатиот „Чемпионшип“, односно втората по квалитет англиска фудбалска лига. Додека пак утре, со почеток од 13:30, „новајлијата“ Фулам ќе го угости тимот на Микел Артета, Арсенал, за старт на најелитното натпреварување.

Тимот на Вотфорд има нов стратег на клупата, србинот Владимир Ивиќ кој доаѓа од израелскиот Макаби Тел Авив. Но, со неколку важни изостаноци, ова можеби ќе биде тешко деби за познатиот тренер.
Екипата на Мидлзбро минатата сезона избори опстанок поради голема бодовна казна на Виган, но за тренер го имаат искусниот и темпераментен Нил Ворнок, па ова се очекува да биде интересен натпревар.

По втората лига, ден подоцна (утре во 13:30) ќе започне и Премиер Лигата со дуел помеѓу Фулам и Арсенал. Играчите на Скот Паркер, оваа сезона се нови членови во лигата, па младиот тренер веднаш ќе мора да се соочи со еден од најтешки дуели што го чекаат. Во Фулам пристигна голманот Ареола како едно од најзвучните имиња. Арсенал го засили и веќе атрактивниот тим со потпишувањето на Вилијан, Себаљос, Габриел и уште неколку играчи кои останаа во тимот, па се очекува да се борат за самиот врв и позициите кои водат во европските натпреварувања.

Сподели

Можеби ќе ве интересира