Проблемите станаа реални – Дени Мусовски нема да настапи за Македонија

Дени Мусовски – играчот со македонско потекло кој настапува во МЛС лигата и е член на Лос Анџелес, ја прифати поканата на селекторот Игор Ангеловски да игра за македонската фудбалска репрезентација, но сепак нема да биде достапен во ноемвриската пауза.

Поради пандемијата со Ковид-19 и долгите летови, пропратени со карантин, административните работи не можат да се завршат овој период, па младиот напаѓач не може да добие пасош и нема да биде дел од тимот за историскиот меч со Грузија и натпреварите од Лигата на нации.

Селекторот објасни дека од ФФМ имаат направено се во нивната моќ за забрзување на работите, но ФИФА е последната што дава зелено светло за настап на некој играч за одредена репрезентација.

Дени Мусовски се очекува да биде дел од тренажниот процес во 2021 година.

Сподели

Можеби ќе ве интересира