Дени Мусовски ја прифати поканата на Ангеловски, ќе игра за Македонија

Дени Мусовски е напаѓач на 24-годишна возраст со потекло од Македонија. Моментално игра во тимот на Лос Анџелес во американската МЛС лига.

Играчот ја прифатил понудата на селекторот Игор Ангеловски и најверојатно ќе биде достапен за ноемвриската репрезентативна пауза. Потребни се административните работи кои ќе овозможат Мусовски да извади македонски пасош.

Тој е роден во Невада на 30-ти ноември 1995 година, а професионалната кариера ја започнал во 2014 година.

Навистина ми е драго што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим на следните предизвици во ноември. Ќе ја зголемиме конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот и мислам дека ќе биде од корист за сите. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен. Наша обврска е да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот со фудбалери кои ќе донесат квалитет и ќе придонесуваат за подобри резултати. Се надевам дека Мусовски ќе го донесе токму тоа во нашата селекција, изјави Игор Ангеловски. 

Мусовски пред извесен период беше и МВП на рундата во американската МЛС лига, а за ЛА има постигнато 4 голови на 11 натпревари од новата сезона во кои настапил.

Сподели

Можеби ќе ве интересира