Елмас: Нема да биде лесно, но оптимист сум, ќе играме за Македонија!

Во пресрет на натпреварот против Грузија за пласман на Европското првенство, македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вели дека сме подготвени да го оствариме најдобриот резултат во историјата на нашиот фудбал. 

Не’ очекува финале, еден натпревар и многу борба. Ќе биде тешко, влогот е голем, но за ова се подготвувавме и сите заедно ќе се обидеме да го дадеме својот максимум за да успееме. Ни треба концентрација и енергија во текот на сите 90. минути. Грузија исто така, има за цел да биде на Европското првенство, но треба да направиме работите на теренот да зависат од нас. Оптимист сум, ова е голем меч и ќе го одиграме и за себе и за тимот, но и за целата држава. Се надевам дека ќе успееме, ќе играме за пласман на Европско првенство.

Само да напоменеме дека поради повреда, Аријан Адеми најверојатно ќе го пропушти овој меч, а на неговото место, селекторот Ангеловски го повика Енур Торте.

Сподели

Можеби ќе ве интересира