Естонски фудбалски клуб направи измена по 13 секунди игра (ВИДЕО)

Фудбалски клуб од Естонија, Номе Каљу, на мечот против Левадија Талин, изврши измена веднаш откако започна натпреварот, односно по само 13 секунди игра.

Играчот не беше повреден, туку го напушти теренот откако неговиот тренер го посрами. Во ова национално првенство, тимот мора да го започне натпреварот со барем 2 домашни фудбалери. Тренерот го искористи ова правило во своја полза, па го извади 16-годишниот Лаури Суп, за да влезе украинецот Владислав Комутов (22).

Во фудбалскиот свет, ваквиот подвиг наиде на огромни негативни реакции. Луѓето посочуваат дека младиот играч можел да одигра барем 5 минути, ако не повеќе. На ваков начин, само го понижува и деградира, иако тоа со сигурност претходно било договорено.

Номе Каљу има многу изолирани играчи поради моменталната ситуација со вирусот, па шанса мораше да добие младиот играч кој ќе остане запишан во историјата како најбрза измена.

Сподели

Можеби ќе ве интересира